Роб Кардашијан потврди: Кање Вест ќе ги помине божиќните празници со Ким

 

35 годишниот рапер ќе ги помине празниците со неговата девојка Ким Кардашијан и екипата во домот на Крис и Брус Џенерс , изјави Роб.

 

„Мајка ми секоја година за Божиќ прави прилично голема божиќна забава“ изјави 25 годишниот Роб за „E! News“. Сите ние преспиваме во куќата и на Божиќ, стануваме во 6 часот наутро и ги отвараме подароците. Девојките прават појадок, ние гледаме кошарка, имаме семеен ден“.

 

Па, дали Јизи (Кање Вест) ќе преспие? „Се разбира“, се насмевна Роб.

 

Ова ќе биде првпат после подолго време да се собере заедно целото семејство – Ким, Кортни и Скот Дисик беа во Мајами за снимање со Мејсон (3 години) и Пенелопа (5месеци), додека Клои постојано патуваше за да води во шоуто Екс Фактор во Лос Анџелес.

 

И Роб беше доста зафатен. Тој неодамна се раздели со својата девојка Рита Ора.

 

„Јас сум со семејството, а тоа е најубавиот дел. Сите беа премногу зафатени. Конечно ќе ја видам мојата внукичка Пенелопа и ќе биде навистина убаво што ќе се дружиме. Доволно патував“.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: