Ви претставуваме Facebook Боцкање за iPhone телефоните.

Facebook ја претстави својата нова апликација Боцкање (Poke) за iPhone телефоните. Новата апликација го прави интересно и забавно поздравувањето на пријателите каде и да сте. Опцијата „Боцкање“ е дел од Facebook уште од 2004-та година. Сега социјалната мрежа претставува едно поинакво искуство за мобилните телефони.

 

Со апликацијата можете да боцкате или испраќате пораки, фотографии или видеа до пријателите на едноставен начин. Можете да боцнете еден или повеќе пријатели наеднаш. За да видите порака од пријател, притиснете и задржете на пораката се додека не се отвори. Апликацијата можете да ја преземете од App Store на Apple.

Пронајдете не на следниве мрежи: