Фергусон: Искрено не знаев за Миху

Говорејќи околу напаѓачката сензација што ја одбележа Премиер Лигата, Алекс Фергусон потенцира дека до летниот преоден-трансфер период не знаел воопшто за шпанецот Миху.

Фудбалерот кој минатата сезона го носеше дресот на Рајо Ваљекано, 26-годишниот Миху, оваа сезона блеска во тимот на Свонси во кој стигна за 2 милиони евра.

Говорејќи околу фудбалерот за кој почна да размислува и Висенте Дел Боске, тренерот на Јунајтед искрено признава дека не ни слушнал претходно за Миху.

„Лаудруп одработи одлична работа кога е во прашање Миху, за само два милиони доведе одличен играч за кој до летото не знаев. Можеби би требало да разговарам со својата скаут-служба“ изјави Фергусон.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: