Високиот напаѓач на Того објасни за причината која не сака да игра за својата репрезентација на претстојниот Афрички Куп.
Емануел Адебајор по терористичкиот напад во Ангола во 2010-тата година одлучи да се повлече од репрезентативниот фудбал, одлуката ја промени во меѓувреме, но од пред неколку денови повторно одлучи да се откаже од репрезентацијата на Того.
Се шпекулираше дека во прашање се прашања од финансиска природа, но Адебајор тоа го негира целосно.
„Слушам дека некои мислат дека не сакам да играм за Того поради неисплатени премии, но тоа не е точно. Премијата која изнесува илјада фунти навистина не ми е потребна, никогаш поради пари не би се откажал од репрезентацијата, тие бонуси и сам ги исплаќав на соиграчите во минатото“ вели Адебајор и во продолжение објаснува за вистинската причина.
„Во прашање е организацијата, недостасува организација. Постои само пет проценти шанса дека ќе играм за Того бидејќи не сакам да си го доведам својот живот во опасност. Во Ангола бев во автобус кога луѓето умираа буквално пред моите очи. Помогнав колку што можев, беше тоа навистина ужасна ситуација. Работите од тогаш не се променија воопшто, не сакам повторно на улица да носам панцир“ изјави Адебајор.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: