Напаѓачот на екипата на Париз Сент Жермен, Златан Ибрахимовиќ, потенцира дека не е лесно да играш во лига каде секој противник со сите сили сака да му подметне на неговиот тим само да не ги оствари амбициите.
Со тешка мака ПСЖ успеа да ја заврши календарската година на првата позиција на табелата во Француската Лига 1.
Со ист број на бодови како и Олимпик Лион, ПСЖ влегува во новата година, а Ибрахимовиќ даде осврт на сите тие збиднувања околу тоа што се случуваше до август и оцени дека не е лесно да се игра за овој тим.
„Од како дојдов во ПСЖ сите се обидуваат да ми најдат мана. Се обидувам да се навикнам на таков третман бидејќи ПСЖ сега е во центарот на вниманието. Кога сакате да бидете најдобри сите се обидуваат да ви подметнат нога“ вели Ибрахимовиќ.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: