Кога веќе сте ја убедиле дека вие сте правиот за неа, кога таа решила да ви ги препушти и душата и телото, тогаш зошто да не се потрудите сексот да трае повеќе?
Ова е проблем што ги мачи многу голем дел од мажите.
Неможноста сексот да го направите малку подолг ви ја уништува самодовербата и ви создава стравови.
Денеска ние ќе ви понудиме неколку совети како би можеле да допринесете сексот да трае подолго. Можеби не се некој магичен лек, но веруваме дека ќе ви помогнат барем малку да ги продолжите прекрасните мигови.
Кратка пауза
Оваа техника сигурно ја применуваат сите “поискусни” мажи кога чувствуваат дека се блиску до оргазам. Доволни се 10 секунди пауза и можете да продолжите со пенетрацијата. Ова е доста ефикасен метод за продолжување на сексуалното уживање.
Дишeте длабоко и полека
Не го забрзувајте дишењето, дишењето кое е брзо и плитко е во корелација со оргазмот. Ова не е лесно да се научи, но со тренитање на јога и техники на дишење можете многу брзо да го совладате правилното дишење што ќе ви допринесе до подолго сексуално уживање.
Пробајте да мислите на нешто друго
Ова е тешко во вакви моменти, но понекогаш пробајте да ги свртите мислите и да не размислувате за оргазам. Ова е многу успешен метод за одложување на крајот.
Користете кондоми со анестетик
Иако мораме да напоменеме дека кондомите со анестетик имаат и многу ризици, сепак доколку се покаже дека кај вас не манифестираат штетно дејство можете понекогаш да ги користите (не редовно). Тие се ефикасни во одолжување на оргазамот кај мажите.
Сепак понекогаш, ниту една метода нема да фукционира. Брзината на постигнување на оргазам понекогаш зависи и од самата физиологија на поединката. Како и да е, се се добива со искуство и тренинг, па доколку веднаш не ви успева не очајувајте, пробајте повторно.
Пронајдете не на следниве мрежи: