Каролина Гочева во полн сјај, докажа дека е една и единствена

Во Универзалната сала синоќа нашата позната пејачка Каролина Гочева го одржа својот прв акустичен концерт.

Сите присутни беа воодушевени од нејзиниот изглед, а салата беше преполна.

На овој концерт Каролина ги изведе своите најпознати хитови, а повод за овој концерт беше компилациското издание „Најубави песни“, кои ги промовираше токму на овој концерт.

Придружувана од десетина млади музичари, плус придружни вокали и дувачка секција, Каролина ги испеа најважните песни од својата богата и долга кариера – Без оглед на се, во заборав, …И ќе биде се во ред, Знаеш колку вредам, Штом сакаш, Умирам без тебе, Само уште еден ден, Љубовта е моја религија, Не чувствувам страв, Капка под небото, Крај…

За бис беа оставени Не се враќаш и Остани, пренесува порталот mmm.com.mk.

И овој концерт на Каролина е во организација на нејзината матична продукција Авалон. Одамна во нашава земја не е одржан ваков концерт со толку силен ефект. Сите беа сплотени и на нозе, пеејќи во еден глас со прекрасната Каролина.

 

Секоја чест Каролина, навистина блескаше!

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: