Навивачите на Реал: Мурињо, „ОДИ СИ“!

Во анкетата која ја спроведе престижниот шпански медиум „Марка“, убедливо мнозинство кои се вклучија на гласањето сметаат дека Жозе Мурињо веќе нема што да бара на клупата на Реал Мадрид.

По четвртиот пораз сезонава кој тимот на Реал Мадрид го доживеа на гостувањето кај Малага, навивачите на Реал го кренаа својот глас против тренерот на нивната екипа.

Иако Мурињо денес изјави дека нема да поднесе оставка бидејќи тоа би било несериозно, анкетата која ја спроведе „Марка“ нема да му се допадне.

Дури 82% од гласачите сметаат дека Мурињо треба да го напушти тимот на Реал Мадрид.

Само 17.8% од навивачите гласаа со поддршка за Жозе Мурињо да остане на клупата на Реал Мадрид.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: