Пресврт – Хунтелар го продолжи договорот со Шалке

Трансфер-приказната околу Хунтелар целосно пропадна, односно доби пресврт откако холанѓанецот ја продолжи верност кон германскиот тим.

Фудбалерот за кој веќе подолго време се пишуваше во контекст на трансфер од Шалке во тимот на Арсенал, сепак го продолжи договорот со тимот на Шалке и со тоа го затвори просторот за било каква шпекулација поврзана со тие приказни.

На Хунтелар му истекуваше договорот со германскиот клуб на крајот од тековната сезона, низ медиумите се пренесуваа разни шпекулации околу неговата иднина, но сепак се случи целосен пресврт во овие приказни.

Имено, Хутелар потпиша нов, тригодишен договор со тимот на Шалке.

„Долго размислував, драго ми е што ќе останам во Шалке, клуб чиј тренер и управа ми дадоа голема поддршка во мојата кариера“ изјави Хунтелар.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: