По поразот од екипата на Малага на гостински терен во рамките од 17-тото коло од Примера Дивизија, односно популарната Ла Лига, шпанските медиуми ги анализираат недостатоците на Реал Мадрид на овој натпревар, а топ-тема е секако изоставувањето на Икер Касиљас од стартната постава.
Касиљас прв пат во последните 10 години е изоставен од стартната постава на Реал Мадрид, не сметајќи ги секако натпреварите каде тој бил повреден.
„Бевме изненадени, Икер е наш капитен. Но, ние не одлучивме во однос на таа постапка и мораме да ја прифатиме таа одлука. Беше тоа големо изненадување за нас, бидејќи е необично за Икер да седи на клупата. Тој е предводник во нашата соблекувална и наш клучен играч“ изјави Серхио Рамос.
Жозе Мурињо премногу тактизираше со позициите на своите играчи. Есиен е на позицијата десен-бек за што многумина му упатија критики.
„Кога резултатот не е во ваша полза морате да се обидете да тактизирате и за некои позиции“ изјави Рамос.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: