„БОМБА“ во Мадрид: Роналдо сака да се врати во Манчестер Јунајтед!

Британскиот таблоид „Сан“ ексклузивно открива дека Кристиано Роналдо изразил желба да го напушти тимот на Реал Мадрид и да се врати во Манчестер Јунајтед.

Само ден откако тренерот на екипата на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, изјави дека би сакал да го види повторно во своите редови Роналдо, овој им открил на блиски пријатели дека сака да се врати назад во тимот на Манчестер Јунајтед.

„Сан“ пренесува дека Реал за трансфер на Роналдо би побарал околу 122 милиони фунти, а реално гледано и тоа е невозможно да го реализира екипата на Манчестер Јунајтед.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: