Мексиканските бунтовници потсетија на своето постоење на денот на „крајот на светот“

Loading...

Бунтовниците на Запатистичката армија за национално ослободување (EZLN) го потсетија Мексико на своето постоење, откако меѓу 30 и 50 илјади луѓе се собраа на неостварениот ден на крајот на мирен протест во градовите на сојузната држава Чиапас, соопштија локалните власти.

Илјадници приврзаници на запатистите излегле на главните градски плоштади во Паленке, Сан Кристобал де лас Казас, Алтамарино и други места. Своите акции ги извеле во целосен молк. Исто така, немало никакви безредија, само изненадени и шокирани од маскираното мноштво луѓе многубројни туристи кои дојдоа во Мексико да ги проследат свеченостите на потомците на древните Маи по повод крајот на еден и почетокот на следен циклус од нивниот календар.
 

И веќе легендарниот командант Маркос лидер на EZLN, го прекина речиси четиригодишното молчење. На интернет мрежите се појави неговото обраќање, со датум од „крајот на светот“ – или, поточно, на денот на промената на епохите на древните Маите.

„Дали го слушнавте? Тоа е звукот на вашиот свет што се распаѓа и нашиот нов кој повторно доаѓа“, вели во своето обраќање Маркос.

Името на командантот Маркос стана познато во светот во 1994 година, кога стана лидер на вооруженото востание на домородните индијанци во државата Чиапас. Благодарејќи на постигнатиот компромис, борбите одамна престанаа, откако запатистите под своја контрола земаа неколку локални власти во планинските предели на државата. Тие на таа територија формираа своја власт независна од владата на Чиапас и федералната мексиканска влада, воведувајќи самоуправување и имплементирајќи ја во практика нивната главна идеолошка теза „справедлива влада“.

 

Макфакс

loading...
Loading...