Севернокорејската ракета дофрлува до американскиот брег

Неодамна лансираната ракета на Северна Кореја е способна да носи боеви глави на далечина поголема од 10.000 километри, што е доволно да допре до американската територија, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана.

Министерството дошло до овој заклучок врз основа на информации собрани од пронајдените делови на ракетата во водите на западниот брег на Јужна Кореја, јавува агенцијата Јонхап.

Остатоците на ракетата сугерираат дека ракетата има доволен домет да стигне до американскиот западен брег со нуклеарно оружје со тежина од 500 до 600 килограми, сметаат експертите на министерството за одбрана.

Северна Кореја на 12 декември ја лансираше троделната ракета „Млечен пат“ со цел, како што соопшти Пјонгјанг, да постави набљудувачки сателит во орбитата на Земјата.

САД, Јапонија и Јужна Кореја меѓутоа сметаат дека тоа претставувало камуфлажа за проба на ракети со долг домет, што на Пјонгјанг му е забрането со санкциите од Советот за безбедност на ОН.

Првиот дел од ракетата паднал во море во близина на брегот на Корејскиот полуостров, додека другиот дел паднал во море источно од Филипини.

Извадените делови на првиот дел од ракетата е најден на морското дно на околу 1600 километри западно од брегот Гунсан, на длабочина од 80 метри.

Пред претходното лансирање на ракетата во април, кое беше неуспешно, Северна Кореја ги предупреди Јапонија и Јужна Кореја дека секој обид за вадење на остатоците на ракетата ќе се смета за „воен акт“.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: