Европската комисија ќе предложи на Шпанија, Франција и некои други земји од еврозоната да им се даде повеќе време да го намалат својот дефицит по договорената граница од 3 отсто од БДП-то, пишува мадридскиот дневен весник El Pais
Повикувајќи се на шпански извори и соговорници од Европската унија, весникот во написот од саботата пишува дека Франција ќе добие уште една година, што ќе и’ овозможи да го намали својот фискален кусок до 2014 година, додека на Шпанија ќе и’ биде даден дополнителен период од година или две.
Француските челници во саботата соопштија дека во 2013 година ќе се придржуваат до зацртаните цели без предвид да се зема попуштањето од ЕУ. Шпанските фискални цели, пак, повторно ќе бидат преиспитувани во февруари, соопшти комесарот на ЕУ за економски и монетарни работи Оли Рен уште во ноември. Според него, не се потребни дополнителни напори во штедењето до 2014 година која најверојатно ќе се побарува уште структурни реформи.
Европските и шпанските извори претходно на почетокот од декември соопштија дека шпанските фискални услови веројатно ќе бидат поблаги за да се отстрани опасноста од долга рецесија во Шпанија во последните три години.
За носење ваква одлука потребна е официјална расправа меѓу сите 27 претставници, како и одобрување од министрите за финансии на земјите членки на еврозоната.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: