Италијанскиот премиер во оставка Марио Монти изјави во неделата дека нема да се кандидира на претстојните општи избори во февруари, но дека е подготвен да ја води земјата доколку тоа од него го побара парламентот.
„На силите коишто ќе изразат доверба и уверување во програмата Монти, подготвен сум да им го дадам своето мислење, охрабрувања, доколку од мене го побара водството. Подготвен сум еден ден, доколку околностите тоа го дозвола, да ја преземам одговорноста кој би ми ја доверил парламентот“, изјави Марио Монти на прес-конференција во неделата.
„Ако побараат од мене, подготвен сум да ја преземат одговорност. Не се вбројувам до никого, сакам партиите или општествените сили да ги спротивстават идеите“, додал Монти.
„Мојата програма не е упатена кон центарот, десницата или левицата. Тоа е програма упатена до сите, до секој што смета дека заслужува интерес“, прецизираше италијанскиот премиер во оставка.
Монти, исто така, на вонредната прес-конференција, изјавил дека во блиска иднина ќе ја презентира својата реформска програма „Да се промени Италија, да се реформира Европа: агенда за спроведување на заедничките заложби“.
Според Монти, документот ќе се појави на посебна интернет страница и ќе претставува првиот чекор за отворање дискусија за тоа што треба да се направи за конечно се излезе од кризата. „На прво место, да не се уништи она што е направено оваа година“, рекол Монти, пренесува Ansa.
Професорот кој ја предводеше италијанската технократска влада 13 месеци, неодамна беше критикуван од PdL дека само ја влошил ситуацијата во земјата. Во изјавата за италијанските и странските новинари во Рим, Монти изјави дека кон крајот на 2011 година, Италија била на работ, но таа успеала да ги надмине тешкотиите без надворешна помош, вклучувајќи и преку активностите на владата.
Марио Монти поднесе оставка на премиерската функција во петокот навечер неколку месеци пред истекот на неговиот мандат, откако неговата технократска влада ја загуби поддршката од најголемата парламентарна партија на неговиот претходник Силвио Берлускони, Народ на слободата (PdL), која не гласаше за доверба на кабинетот на премиерот соопштувајќи дека не е подготвена да ја поддржи „техничката“ влада. Монти, кој го предводеше италијанската влада од ноември 2011, поднесе оставка откако за својата намера на 8-ми декември го извести претседателот на земјата Џорџо Наполитано со услов да биде донесен буџетот за 2013 година, што беше направено во петокот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: