Откако во словенечкиот парламент положи заклетва, новиот претседател на Словенија, Борут Пахор им се обрати на пратениците и повика на единство државата, за кризата да биде надмината.
Во обраќањето во Собранието тој оцени дека ситуацијата во земјата е тешка, но дека се уште има можност да се поправи.
„Се уште сме во позиција иднината да зависи од нас. Четиригодишната криза не исцрпи и преживуваме тешки времиња, па е разбирливо нашите граѓани да имаат се помалку трпение. Социјално најслабите го имаат уште своето достоинство, а некои имаат чувство дека и тоа го изгубиле“ рече Пахор.
Новиот словенечки претседател, кој во вториот круг на изборите на почетокот на декември освои 67 отсто од гласовите, сепак смета дека Словенија ќе успее да се избори со кризата, ако со широк политички консензус на сите партии се постигне договор за мерките за нејзино преживување.
Тој смета дека политичарите треба да покажат силна и непоколеблива волја и да се насочат кон тоа како да се преброди кризата.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: