Пожарот на пазарот во Кабул уништи 600 продавници

Најмалку 600 продавници изгореле во пожарот на пазарот во авганистанската престолнина Кабул, но за среќа нема повредени во стихијата којашто уништила огромно количество разни стоки и  предизвика паника во центарот на градот.

Во справување со пожарот учествуваа авганистанските пожарникари и припадници на контигентите на НАТО стационирани во Кабул.

Додека пожарот се приближувал кон главната градска менувачница, трговците изнесоа на сигурно стотици илјади американски долари очекувајќи ги полициските возила, а своите драгоцености го засолнија и трговците со злато.

Засега нема информации дека големиот пожар е предизвикан од експлозија на бомба. Началникот на кабулската полиција, пак, изјави дека чуварот на пазарот исчезнал.

Според авганистанската агенција Pajhwok, пожарот избувнал во делот на пазарот каде се продаваат текстилни производи, а нанесена е голема финансиска загуба. Во пожарот кој избувнал околу полноќ по локално време и беснеел до 5 часот изутрината, изгорени се десетици продавници за ткаенини.

За агенцијата еден од сопствениците на продавница што ја проголтал стоката во вредност од 50 илјади долари, рекол дека се уништени најмалку 400 дуќани, а тој се обидел да спаси дел од стоката, но поради безбедноста полицијата не му дозволила да влезе на пазарот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: