Најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт остана без девојка, откако британката Меган Едвардс го оставила веднаш кога се вратиле од Јамајка каде Меган го запознала неговото семејство.
Меган сфатила дека нивната врска не може да функционира на релација, Британија-Јамајка, каде атлетичарот поминува многу време поради тренинзите, но и поради семејството.
Британските медиуми пишуваат дека Болт го доживеал раскинувањето многу тешко, но Меган не сакала да ги прифати неговите молби да пробаат да ја одржат врската.
„На крајот умот го надвалдеаа срцето. Ми беше прекрасно на Јамајка, но таму сфатив дека нема да можам да ја продолжам оваа врска. Иако тој рече дека ќе се гледаме често, мене тоа не ми е доволно. Јас во Британија имам работа и не можам често да патувам, како и тој. Покрај тоа, јас сум само една обична девојка и да бев позната како Болт можеби нашата врска ќе опстанеше“ рекла Меган.
Усеин и Меган се запознаа на ревија за спортска облека пред Олимписките игри во Лондон.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: