Повеќе од 70 лица се повредени во судирите во Њу Делхи

Повеќе од 70 лица се повредени за време на протестите кои прерасна во судири во близина на претседателската палата во центарот на индиската престолнина Њу Делхи, објавија во неделата локалните медиуми повикувајќи се на полицијата.

Илјадници демонстранти влегоа во судири со полицијата којашто прибегна кон употреба на водени топови, палки и солзавец. Целата област во која се одвиваа безредијата била опколена со полициски кордони. Меѓу настраданите се 37 полицајци и 35 демонстранти.

„Вкупно (од полицијата) беа употребени 125 чадни бомби. Триесетина барикади, шест автобуси, два мотоцикл и две владини возила паркирани во близина на претседателската палата, беа оштетени“, изјави за весникот Hindu, неименуван полициски претставник.

Демонстрантите бараат да се заострат безбедносните мерки откако беше силувана студента од универзитетот Џавахарлал Нехру универзитет, којашто ја злоупотребиле шест пијани мажи во автобус минатата седмица. Девојката е хоспитализирана во сериозна состојба. Во саботата, речиси по цела седмица таа успеа да го даде исказот.

Сите шест осомничени за нападот се уапсени а петте полицајци коишто биле на должност во областа каде што се одиграла трагедијата се  отпуштени. Индиската влада вети дека ќе формира специјална комисија која ќе го испита ова тешко злосторство.

Во неделата попладне по локално време група млади луѓе со плакати и знамиња во поворка минале во близина на претседателската палата. Толпата се обидела да тргне кон претседателската резиденција, но била запрена од полицијата којашто употребила водени топови. Според претставник на студентите кои се најголемиот дел од демонстрантите, тие бараат казна за сторителите на бруталниот напад и зголемување на казните за ваквите кривични дела.

Во меѓувреме, индиската полиција во неделата ги забрани собирањата во центарот на Њу Делхи.

Дваесет итри годишната студентка по кинезитерапија била силувана од шестмина мажи во автобус мината седмица, потоа ја претепале со метална прачка и ја исфрлиле од автобусот заедно со момчето со коешто биле во кино.

Таа беше хоспитализирана на оддел за интензивна нега и дури  овој викенд почнала да се опоравува. Весникот Hindustan Times го пренесе во неделата нејзиниот иска кој се совпаѓа со исказот на нејзиниот колега.

За време на нападот мажите биле пијани. Влегле во автобус кој стоел и во кој по грешка влегле двајцата млади коишто се враќале дома по кино проекција.

Овој инцидент предизвика бран протести во Индија, каде што жртвите на силувањето и сексуалните напади често тешко ги остваруваат своите права. Илјадници луѓе, претежно студенти, последните денови протестираа барајќи поголема безбедност за жените воопшто и подобро процесуирање на случаите на силување и сексуалните напади.

Уште минатата седмица индискиот премиер Монмохан Синг изјави дек станува збор за „гнасно злосторство“. „Владата ќе ги проучи сите можности за построги казни за силувања“, изјави во саботата министерот за внатрешни работи Сушил Кумар Шинд, алудирајќи на смртна казна и додал дека засега доживотниот затвор е најтешката казна за силување, но дека внимателно ќе се проучи можноста за воведување на смртната казна.

По 2004 година смртната казна во Индија е извршена само двапати, во случај на силувач и убиец на една ученичка и за еден од напаѓачите од терористичкиот напад во Мумбаи во ноември 2008 година кога загинаа околу 160 луѓе.

Во Индија последните години има и многу повеќе реакции против идејата за одговорност на силуваните жени. Здруженијата за заштита на правата на жените сметаат дека индиската јавност и натаму не ги согледува вистинските обеми на нападите и силувањата, ли број се зголемил за повеќе од двојно во периодот меѓу 1990 и 2008 година.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: