OIC ги осуди заканите на сириските исламисти за христијаните

Организацијата за исламска соработка (OIC)  ги осуди во неделата заканите на исламистичките бунтовници за две христијански населби во Сирија, стравувајќи дека судирите во оваа земја ќе се пресвртат во отворено религиозно насилство.

Организацијата за исламска соработка во соопштението оценува дека таквите закани „се во спротивност со исламските принципи за толеранција, братство и мир“, пренесува AFP.

Панисламската организација којашто има 57 земји членки предупредува дека постои опасност сирискиот „судир да се претвори во верски“/

Во видеопорака објавена во саботата, бунтовничките борци ги предупредија жителите на Мхарда и Ал-Скубија, две христијански населби во централна Сирија, дека ќе бидат нападнати доколку не ги протераат припадниците на редовните сириски сили на владата на претседателот Башар ал-Асад.

„Ви го упатуваме ова предупредување за да се кренете и да ја протерате бандата на Асад и шабихите (припадници на локалните исламски милиции кои го поддржуваат Асад -з.р.)  во спротивно веднаш ќе ги нападнеме нивните утврдувања“, истакнува еден од сириските бунтовници коишто се припадници на мнозинската сунитска заедница во снимката што ја објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Сириската христијанска заедница којашто во Сирија брои 1,8 милиони припадници, главно е воздржана во текот на сирискиот конфликт. Меѓутоа и претходно христијаните го поддржуваа владеењето на малцинските алавити (дел од шиитскиот ислам) на кои им припаѓа претседателот Башар ал-Асад, а по сквернавењето на неколку христијански храмови, посебно во вториот по големина град Алепо, христијанските челници стравувајќи од исламистите кои и од странство доаѓаат да се борат во Сирија, застана на страната на Асад.

Претходно во четвртокот истражителите за човекови права од комисијата на Обединетите нации дека „Борбите на владините сили вооружените бунтовнички групации се приближуваат кон крајот на втората година, а судирот поприми отворено секташки карактер. Етничките и малцинските групи се чувствуваат се под закана и нападнати, па сé повеќе се припојуваат кон една од судрените страни, во согласност со секташките поделби”.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: