Медиуми: Принцот Хари убил талибански командант

Британските медиуми во неделата навечер јавија дека принцот Хари кој како припадник на Кралското воено воздухопловство (RAF) е прекомандуван во база во Авганистан во мисија за извлекување на британски војници нападнати од талибаните, убил командант на талибанска единица, што е првата негова жртва.

Вториот во редот на наследници на британскиот престол, принцот Хари служи како навигатор и стрелец од топ на борбен хеликоптер „Apache“ во Авганистан од септември годинава.
Според весникот The Sun, кој се повикува на воени извори, внукот на британската кралица Елизабета Втора, во акцијата којашто се одвивала во октомври годинава истрелал ракета воздух-земја од типот „Hellfire“ и пукал од 30-милиметарски митролез врз наводно висок водач на талибаните.
Весникот повикувајќи се на неименуваниот извор, за заслугите во таа битка, принцот Хари од своите колеги бил наречен Големиот Х (Big H).
„Бевме во патрола кога беа повикани хеликоптерите ‘Apache’. Преку радиоврската го слушнавме гласот и дознавме дека тоа е Big H. Тие тргнаа по еден од водачите на талибаните на командно ниво. Хеликоптерот стрелаше со ракети и од митралезите. Сетот тоа го направи Big H“, гo цитира Thе Sun својот анонимен соговорник.
Засега нема официјална потврда за ликвидацијата на високорангиран водач на талибаните од страна на британскиот принц.
Интернет изданието на весникот The Telegraph, пишува дека принцот Хари „својот прв талибан го убил“ само неколку седмици по доаѓањето во Авганистан.
Воени извори за весникот ја демантираат информацијата дека принцот Хари убил „командант“, но признаваат дека го употребил оружјето на леталото во споменатата акција.
Оружјето коишто му стои на располагање во хеликоптерот 16 ракети воздух-земја од типот „Hellfire“, два повеќецевни фрлачи CRV7 со 76 ракети и топ (митралез) од 33 милиметри кој испукува 635 куршуми во минута. Арсеналот го контролира копилотот или „офицер за вооружени системи“ со помош на дисплеј монтиран на шлемот од предното седиште на хеликоптерот.
Единицата на принцот Хари во просек убива по два талибански борци седмично, изјави нејзиниот портпарол за време на доаѓањето на принцот во Авганистан. „Тој е војник, а војниците го прават она што од нив се бара да го сторат“, додаде портпаролот.
На принцот Хари му наближува крајот на четиримесечниот турнус на должноста во 622-та ескадрила на третиот полк на Воздушните сили на копнената војска, стационирана во базата „Бастион“ во немирната покраина Хелман, која се смета за една од оние во кои е најголемо влијанието на авганистанските талибани.
Неговата улога како дел од четиричлениот екипаж на хеликоптерот кој е во готовност 24 часа, е да дава огнена поддршка на војниците на теренот, на транспортните хеликоптери и на санитетските мисии.
Претходно принцот Хари беше прекомандуван во Авганистан во 2008 година, во составот на единицата „Hausehold Cavalr“, мисија којашто заврши по 77 дена поради неговата безбедност, кога светските агенции објавија дека тој се наоѓа во Авганистан. Тогаш дејствуваше како претходница за воздухопловството, повикувајќи на воздушни удари врз лоцирани талибански позиции. По враќањето во Англија, беше преквалификуван во копилот на хеликоптер „Apache“.
Информацијата што The Telegraph ја објави во неделата исто така се повикува на војник кој офицерот исто така го нарекува Big H, и рекол дека го запознал во мензата на базата „Бастион“. Војникот рекол дека неговата патрола повикала воздушна поддршка откако била нападната од талибаните, а преку радиоврската слушнал „благороднички глас“.
Изворите на The Telegraph го оспоруваат инцидентот и прекарот, но не порекнуваат дека принцот Хари убивал талибански борци, напомнува весникот.
Според очекувањата, 28-годишниот принц познат како капетан Велс, треба да им се придружи на колегите офицер на Божик и да послужува храна за своите соборци.
„Ние не ги коментираме поединечните прекомандувања“, изјавил портпаролот на британското министерство за одбрана, пишува The Telegraph.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: