Три четвртини од Словенците не се задоволни од владата на Јанша

Поддршката за словенечката коалициска влада на премиерот Јанез Јанша кој беше формирана во февруари 2012 година и натаму опаѓа, па како успешна ја оцениле само 20,7 отсто  а како неуспешна 74,5 отсто од испитаниците.

Ова се резултатите од телефонската анкета спроведена на 700 испитаници изминатата седмица што за дневниот весник Dnevnik и телевизијата POP TV ја спровела агенцијата Ninamedia.
Според испитувањето на јавното мнение што истата агенција го спроведе во септември годинава, владата на Јанша како успешна ја оценија 22,9 отсто, а како неуспешна 72,6 отсто од анкетираните.
На прашањето за која партија би гласале доколку сега се одржат изборите, 17,8 отсто од испитаниците се определиле за опозициските Социјални демократи (SD), а на второ место е со 13,3 отсто е Словенската демократската партија *SDS) која ја предводи премиерот Јанез Јанша, најсилната во актуелната петпартитна коалиција.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: