Авганистанска полицајка уби американски полициски советник во Кабул

Авганистанска полицајка во понеделник го убила американскиот полициски советник во седиштето на полицијата во Кабул, соопшти НАТО.

„Американски полициски советник е убиен во напад на авганистанска полицајка“, соопшти портпаролот на НАТО силите.
Началникот на криминалистичката полиција во Кабул Мухамед Захир потврди дека станува збор за „напад од внатре“, како што се нарекуваат нападите кога припадниците на авганистанските безбедносни сили пукаат врз војниците на НАТО во Авганистан. Ова е првпат нападот да го изведува жена во униформа.
Најмалку 52 припадника на ИСАФ ги загубија животите во такви напади од почетокот на годината.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: