5 начини како да ја расположите вашата сопруга за секс за време на празниците

Ах, тие празници. Подароци, декорирање… Зошто тоа е доволно за да го возбуди секое машко повеќе од обично. Што и да е причината, празнците се повик за парење за машкиот пол.

Работата е тоа што, жените гледаат на празниците како на време кое ќе го поминат со семејството и пријателите. Сексот е последна работа што и паѓа на памет на вашата жена. Па, како да и го смените ставот? Еве неколку сигурни идеи што ќе ви помогнат да ја натерата вашата сопруга да го посакува сексот за време на празниците исто колку и вие.

1.  Направете и ароматизирана масажа – Масажите можат да бидат многу сенсзуални. Опуштете се со некоја сезонска арома и уште пред да помислите, таа ќе го изедначува Божиќ со вашите масни раце.

2.  Ценете го божиќниот џемпер – Признајте. Имате добиено еден ваков. Секој има. Одбивен, досаден, смешен џемпер, што дури и вашите регуларни џемпери се срамат да бидат во негова близина. Но, конечно е време да го примените. Отидете во спалната кај вашата сопруга со тој џемпер на вас и ништо повеќе.

3.  Закачете имела на вачиот каиш – знаете како велат за имелата, за бакнувањето. Па, ако ја закачите… да, заборавете на ова. Ова или ќе ја натера да ви се изнасмее или ќе ви плесне шлаканица.

4. Овошна торта во кревет – Изразете ја вашата желба за овошна торта и кажете и дека би сакале да каснете неколку парчиња заедно со неа. Но, не без пенест шлаг. Штом веќе ја имате храната и вашата дама во кревет, ги имате сите состојки за жешка вечер.

5.  Канал „Christian Grey“ – Не ја плеснувајте вашата сопруга по задникот – ова сигурно не е во духот на Божиќ! Наместо тоа, додека ја декорира куќата, шепнете и на уво што би сакале да правите со тој венец.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: