Кетрин Денев го поддржува Депардје

Loading...

Француската филмска ѕвезда Кетрин Денев ја брани одлуката на својот колега Жерар Депардје поради високите нови даноци врз поимотните Французи да се пресели во соседна Белгија.

Во своето отворено писмо објавено во парискиот левичарски весник Liberation, Кетрин Денев се нафрли врз актерот Филип Торетон, еден од Французите кои покрај социјалистичкиот премиер Жан-Марк Еирол, јавно го нападнаа Жерар Депардје кој неодамна купи куќа во белгиското село Нешен, само неколку минути оддалечено од француската граница каде ужива во селото и во природата, но таму се и пониски белгиските даноци, па многумина во Франција со гнев реагираа на оваа одлука додека тие се справуваат со економската криза и зголемувањето на даноците на луксуз.
„Тој (Депардје) е голем актер и со тоа само покажувате колку сте кутри“, му порача славната дива на својот колега.
Депардје(63) ја критикуваше одлуката на социјалистичката влада на претседателот Франсоа Оланд за воведување данок од 75 отсто за богатите и го најави враќањето на францускиот пасош. По тој повод минатата седмица Депардје му одговори со отворено писмо во весникот Journal du Dimanch на премиерот Еирол кој на француската телевизија го прозва актерот за кукавичлук бидејќи „избегал” од својата татковина.
Во писмото насловено „До господинот Торетон“, Кетрин Денев го обвини овој актер дека е ситна душа. „Да се доведува во прашање таква величина, и таков талент? Од каде ви е тоа право, со кој демократски мотиви се служите за такво валкано обвинување“, пишува Денев.
Во одбрана на Депардје застана уште една голема ѕвезда на француската кинематографија, Брижит Бардо, која во среда изјави дека „тој е жртва на нечесно озборување“.
„Иако е љубител на борби на кучиња, тоа не го намалува фактот дека тој е исклучителен актер кој ја претставува Франција со единствена слава и популарност“, изјави Бардо којашто е светски позната како голема заштитничка на животните.
Овој француски спор во четвртокот ги надмина границите на земјата и се префрли во Русија, откако претходно француските медиуми пишуваа дека Депардје може да побара државјанство на Русија или Црна Гора. Рускиот претседател Владимир Путин запрашан на маратонската редовна годишна прес-конференција за овие шпекулации одговори дека „Сигурен сум дека француските власти не сакале да го навредат господин Депардје, Меѓутоа, доколку посака руски пасош, сметајте го тоа решено. И тоа позитивно“.

Макфакс

loading...
Loading...