Чувате куче или маче? Сте се нашле во слична ситуација?
1. Таа не е дебела!
Тоа е само крзно. Таа е солидно куче. Расата и токму така изгледа. Нејзиното палтенце прави таа да има неколку килограми повеќе. Има големи коски и е мускулеста по природа. Секогаш кога јаде, потоа изгледа подуено.
2. Никогаш претходно не го направила тоа!
Ова е изговор што го кажуваат откако нивното милениче очекувано ќе западне во невоља. Скокање од багажникот на пикап-камионот на сред сооброаќаен метеж, како и голтање цела коска, така што би требало да се намали нејзината утроба.
3. Не ми дозволува да и ги исчеткам забите!
Ова и не е баш искрена лага, но 9 од 10 пати, моите клиенти никогаш не се обиделе доволно добро да им ги исчеткаат забите, и покрај многуте видеа на интернет кои имам обичај да им ги препорачувам.
4. Таа ќе изгладни ако не ја хранам на овој начин.
Кај мачки (особено крупните) можно е да се развие масно заболување на црниот дроб дури и ако пропуштат неколку оброци по ред. Но, тоа не значи дека не треба да направите сериозни напори за да примените посоодветна диета, препорачана од ветеринар ако вашата мачка или пак куче има вишок килограми.
5. Јас само „волку малце“ ја хранам.
Клиентите најчесто го држат својот палец и показалец само еден сантиметар разделени додека ми ја пренесуваат оваа порака.
6. Таа грутка се појави преку ноќ.
Можеби грутката сте ја забележале минатата ноќ, но бидете искрени со себеси: Навистина мислите дека тумор во големина на голф топче се појавил само за 8 часа. Не баш.
7. Моето куче не каса
Навистина? Тогаш што прават овие белези од заби на моите раце?
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: