Нови костими за плејбој зајачиците – фото

И покрај големиот број на критики, Плејбој не се откажа од своите планови да отвори клубови низ Индија – со сосема нови, скромни костими за зајачиците.
 

Костимите кои не се толку провокативни за прв пат ги покажаа во Мумбаи во средата и ќе бидат покажани во новиот Плејбој клуб кој се наоѓа покрај плажата во Гоа следната година. Дизајнерот Mohini Tadikonda беше избран за дизајнирање на костимите. Зајчиците носеле корсет од свила, црни хеланки со меки опавчиња направени во согласност со строгите закони на Индија. Tadikonda изајви:

 

“Мојот најголем предизвик беше половината. На  почеток не бев сигурен како да го   направам делот околу половината кој е заштитен знак на американскиот костим на зајчицата”.
 

Всушност, Плејбој целосно бил забранет во земјата, но не грижете се, Хју Хефнер , наводно,   потишал дека овој Плејбој ќе биде поконзервативен. Санџај Гупта, главен извршен директор Плејбој во Индија, изјавил дека владата не треба воопшто да се грижи за костимите на зајчиците “Ако ги гледате филмовите во Холивуд ќе видите жени кои се далеку по секси и по провокативно облечени”, кажа тој.

Што мислите за новите плејбој костими на зајчиците во Индија?

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: