6 знаци кои покажуваат дека сериозно сте под стрес

Loading...

Прочитајте кои знаци означуваат црвено светло!

Повраќање

Стресот и вознемиреноста може да предизвикаат повраќање и состојба наречена „Синдром на циклично повраќање“, состојба во која лиѓето искусуваат мачнина и повраќање на подолг временски период – често почнувајќи секој ден во истото време. Спавувањето со вознемиреноста започнува со одмарање и пиење многу вода (повраќањето може да предизвика губење на електролити) и потоа да најдете начини да се смирите и да го елиминирате изворот на стрес, како на пример да практикувате движечка медитација.

Губење на коса

Има многу причини зошто вашата коса опаѓа, дали генетски, дали од лекови, но и стресот е една од нив. Меѓу најчестите состојби поврзани со губење на косата предизвикана од стрес е „alopecia areata“, автоимуно пореметување во кое белите крвни зрнца ги напаѓаат фоликулите на косата, предизвикувајќи го паѓањето на косата.

Крварење од нос

Има дебати за тоа дали крварењето од нос е предизвикано од стрес, но студиите покажуваат дека во некои случаи, пациентите кои го искусиле крварењето, го добиле истото откако ќе се најдат во стресна ситуација. Ова има некаква врска со крвниот притисок. Најдобро е да го одржувате вашиот крвен притисок со чај од хибискус.

Губење на меморија

Ако приметите дека не мозжете да се сетите на детали што сте ги дискутирале на одреден стресен состанок , тоа може да е ефект од вашиот смален хипокампус. Хроничниот стрес може да го изложи хипокапмпусот, областа која ја контролира вашата краткорочна меморија, на прекумерни никоа на хормонот на стрес- кортизол. Справувањето со коренот на вашиот стрес е најдобар начин да си ја вратите меморијата, но дотогаш, запишувајте ги битните информации.

Ослабен имунитет

Можеби најзабележливиот ефект предизвикан од стресот е ослабениот имунолошки систем, кој се случува како последица на ослободувањето на хормоните кои го регулираат овој систем, проследено со хормони кои ги спречуваат во нивната функција. Најдобро е да почнете со некаква физичка активност. Ако тоа ви е премногу, пронајдете начини што ви одговараат за намалување на стресот.

Прекумерно потење

Кога сме под стрес, се потиме повеќе, но има луѓе кои патат од хиперхидроза, прекумерно потење. Јогата и медитацијата може да ви помогнат да го намалите стресот поврзан со потење и најдобро е да се обратите кај доктор кој е специјализиран во оваа област.

 

 

 

loading...