Џовинко не брза да потпише нов договор со клубот, за кого вели дека ќе остане до крајот на својата кариера.
Џовинко има договор со Јувентус кој истекува во 2015 година, сепак самиот фудбалер сака да остане во редовите на италијанскиот шампион уште долго.
Не брза околу продолжувањето на соработката со клубот, и сосема е јасен во својата намера.
„Нема брзање, но Јувентус е најдоброто што може да му се случи на еден фудбалер и мојата желба е овде да останам до крајот на својата кариера“ изјави Џовинко.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.