Икер Касиљас ја прифати одлуката на Жозе Мурињо да се пресели на клупата, за одличниот голман ова е сосема нова ситуација.
Икер Касиљас не му одговори на Мурињо со висок тон, туку сосема нормално реагираше на сиве овие нови збиднувања во тимот.
„Тоа е право на тренерот, можам да се согласам или да не се согласам, но тоа морам да го прифатам. Ситуацијата навистина е малку чудна, не сум се навикнал на клупата, но доколку тоа е добро за екипата тогаш немам проблем воопшто со тоа“ изјави Касиљас.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: