Големи претпразнични поплави во Велика Британија

Десетици жители мораа во неделата да ги напуштат своите домови, поради големите поплави во југозападна Англија, Велс и во Шкотска кои многу влијаеја врз пореметување на сообраќајот во предбожикните денови.

До Девон и Корнвол дождот кој врнеше од саботата во неделата малку подзапре, но локалните власти и натаму се внимателни поради најавите за нови врнежи во текот на ноќта.
Во селото Сток Канон крај Девон, жителите на 25 домови морале привремено да ги напуштат поради излевање на реката Ексе, соопшти локалната агенција за природна околина. Главната улица во селото е затворена и пожарникарите ја испумпуваат водата.
Во Корнвол локалните власти соопштија дека сѐ уште примаат информации за „некои 170 имот коишто се под вода“.
Спасувачките екипи регистрираа голем број излегувања на терен, и поради спасување на возачите од автомобили заробени во поплавите.
Патниците во неделата втор ден по ред не можеа или имаа големи тешкотии да патуваат, имајќи предвид дека многу возови во различни делови од земјата се привремено се прекинати.
„И следните денови ќе слушаме за поплави“, изјави Тони Конлан од метеоролошката служба која најавува нови врнежи, иако послаби отколку изминатите денови.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: