Вулкан во Чиле пред ерупција

Вулканот на чилеанско-аргентинската граница ги вознемири локалните власти, бидејќи од него почна да излегува густ чад и пепел.

Чиле прогласи вонредна состојба заради можната ерупција на вулканот Копахуа, откако од него во саботата почна да излегува густ чад и пепел.
„Присутноста на магмата ја зголемува можноста да дојде и до посилна експлозија“, истакна Фернандо Гил, директор на Вулканолошката опсерваторија на Јужните Анди, пренесува АП.
Столбот чад од вулканот се издига и до еден километар во височина, а подрачјето во радиус од 15 километри околу вулканот се смета за загрозено.
Чилеанските власти засега сè уште не го евакуирале населението од околните места, бидејќи сметаат дека ситуацијата не е излезена од контрола.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: