Свадбени фотографии што секој пар треба да ги има

Отсекогаш не привлекувале едноставните работи во животот како на пример топлото кафе на масата или пак патиките на дете расфрлани во дневната соба. Токму овие мали нешта ја прават сликата на еден дом.

Тие детаљи најубаво можеме да ги забележиме на свадбените фотографии. Ако ги погледнете детаљите на свадбите на другите луѓе, можеби нема да бидат по ваш вкус но секогаш може да ви дадат некоја нова инспирација. Секоја невеста сака да го има најубавиот невестински фустан, најубавите чевли, торта, покани, буќет… Сите тие нешта се многу важни но ништо не се споредува со љубовната приказна на младоженците прикажана низ видеото и сликите кои ќе ги гледаат целиот живот.

Еве некои совети, за да ви помогнат на вам и вашиот фотограф како да ги документирате најубавите моменти од вашата венчавка:

1 – Соберете ги сите китенки , покани,  вашето мени, програмата итн и ставете ги во еден куп во просторијата каде што се подготвувате за да може фотографот да има побрз пристап до нив.   

2 – Кажете и на цвеќарницата да ви ги достави цвеќиња од деверушите и буќетот кај вас во соба за убаво да ги фотографира фотографот додека се најсвежи.

3 – Ставете ги на посебно место вашиот фустан, превез, чевли, долна облека, накит и се она што вам ви е важно за да може набрзина да ги пронајде фотографот. Добрата организација е најважна особено во вакви моменти.

4 – Ако има некои работи кои се од големо значење за вас и вашето семејство како на пример везеното шамивче од вашата баба,  известете го фотографот за тоа.

И за крај не не заборавајте да уживате во секој момент од вашата венчавка.

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: