Потребни ви се идеи како поубаво да го поминете Божиќ со вашите најблиски? Еве неколку интересни игри за да ја задржите насмевката на децата и возрасните на овој ден.
1.Семејно дрво: оваа игра би успеала само ако имате некој во групата кој е неверојатно издржлив. Идеата е да се декорира еден човек во вид на божиќно дрво. Жртвата мора да стои мирно, додека сите деца во групата ја ќитат со извиена црвена и зелена хартија, алуминиумска фолија, бомбони, машни, остатоци од хартија за витакње поклони и се што ќе им дојде при рака. Резултатот? Урнебесно добра семејна забава!
2.Џингл Бел Ринг: оваа е игра е добра само за огромна група луѓе. Повеќе семејства се собираат и избираат по еден член што ќе ја претставува својата група. Секое семејство треба да избере „bell“ песна, на пример „ding, dinga, ding“ или „jingle, jingle“, потоа претставниците треба да ги извежбаат сите песни, од секоја пре4тставник на секоја фамилија, на страна од останатите членови од семејствата. Откако ќе се вратат, другите треба да бидат со врзани очи и да стојат во една линија. Еден по еден, треба да погодуваат која песна припаѓа на нивното семејство.
3.Моментална мешаница: Замотајте мал подарок во мала кутија. Потоа, замотајте го истиот во голема кутија, и повторете го тоа повеќе пати, колку можете. За да започнете да играте, изберете број а потоа сите од групата фрлате коцка. На првиот на кого ќе му се падне избраниот број, почнува да го одмотува подарокот. Но, тоа треба да го прави со кујнски ракавици и додека тој одвиткува, останатите продолжуваат да ја фрлаат коцката. Следниот кој го игра изгранниот број ги зема ракавиците и продолжува да одмотува. Оној што ќе го одмота подарокот, го задржува за себе.
4.Божиќна тривијалност: Дали знаете се за Божиќ? Можете вие и вашите најблиски да играте квиз каде што ќе поставувате и одговарате најразлични прашања за Божиќ, дали за Дедо Мразм, дали за Божиќ и неговите традиции насекаде во светот. Можете и да направите да изгледа како натпревар, со тоа што играчите ќе се натпреваруваат за одредено подароче.
Пронајдете не на следниве мрежи: