Можеби и не ни требаат причини за да кажеме дека го сакаме сексот. Но постојат неколку факти, кои покрај задоволството можете многу лесно да ви помогнат…
Неговото срце
Според студиите од Квинс Универзитетот во Белфаст, мажите кои имаат секс три или повеќе пати неделно, го намалуваат ризикот од срцев удар за 50%. Според истото истражување, редовниот секс ги намалува шансите Вашиот маж да добие срцев удар.
Слабеење
Потење во теретана или потење во кревет? Изборот е ваш. 30 минути под ќебето согоруваат околу 200 калории.
Пријатен сон
Малку подобра масажа и дружење под ќебе, ослободува ендорфин кој ви помага да заспиете.
Имунитет
Истражувачите од Пенсилванија откриле дека сексот од еден до два пати неделно го зајакнува имунолошкиот систем за 30%.
Ги олеснува болките
Веднаш по оргазмот, ве преплавува окситоцин кој ослободува ендорфин. Тој помага да се ублажи болката кај артритисон и менструалните грчеви.
Редовен циклус
Ендокринолози откриваат дека жените кои имаат сексуални односи барем еднаш неделно, имаат редовен менструален циклус, за разлика од останатите.
Опуштање
Ќе ја смирите вознемиреноста со допир, бидејќи тој ги смирува живците и ве опушта
Уште повеќе секс
Брачниот советник и сексуален терапевт Вајнер Мишел Дејвис, вели дека сексот води до уште повеќе секс. Ќе продолжите со создавање на тестостерон, еден од главните хормони кои се одговорни за сексуална желба.
Ослободува од стрес
Многу сте налутени? Наместо да викате додека ве држат гласните жици, викајте во спалната соба. Сексот е одличен начин за ослободување на напнатост.
Фантазирајте
Ослободете ги емоциите и скриените желби. Агресивноста, доминантноста, играње улоги во удобноста на вашиот сопствен кревет.
Самодоверба
Почувствувајте ја моќта. Кога работите одат добро во кревет и кога се чувствувате удобно со Вашиот партнер, чувствуват поголема сигурност и самодоверба во другите делови на Вашиот живот.
Спречување рак
Колку повеќе ејакулација има, веројатноста до доаѓање на рак на простата е се помала.
Среќа
Сексот Ве усреќува повеќе од парите, информира здружение за економски истражувања.
Го забавува стареењето
Активниот сексуален живот го забавува процесот на стареење.
Го забрзува процесот на породување
Сексот може да поттикне контракции. Спермата содржи простагандин, кој помага за контракција и поттикнува природен пораѓај.
Пронајдете не на следниве мрежи: