Адел го заштити своето име

 

Популарната пејачка Адел наводно своето име го претвори во “заштитен знак“ со што би спречила злоупотреби во рекламни цели, пренесуваат британските медиуми.

– „Адел не сака некој да го злоупотребува нејзиното име на производите кои она не ги поддржува!“, кажа извор кој сакаше да остане анонимен.

 

Пејачката не сака нејзиното име да се користи за рекламирање на парфеми или накит, на пример.

 

Адел во месец октомври го роди своето прво дете, а минатата година списанието „Билбирд“ ја програси за „Уметник на годината“, додека нејзиниот втор албум “21“ беше прогласен за албум на годината.

Пронајдете не на следниве мрежи: