Најстрашните мостови во светот

Не е секој мост во светот безбеден. Еве неколку приемри за најстрашните мостови во светот:

 

1.Мостот Aiguille du Midi , Франција
Не гледајте надолу. На оваа висина, ќе сакате да ги држите очите затворени поради панорамата на карпестите француски Алпи. За среќа, мостот е краток, и брзо може да го поминете пред да ве фати акрофобија, но оние кои навистина се плаши од височина веројатно нема ни да го видат мостот. За да стигнете до него ви треба жичара која ќе ве искачи 9200 вертикални стапки за само 20 минути.

Место: На самиот врв на планината Aiguille du Midi , Мон Блан .

Статистика: 12.605 стапки надморска височина.

 

2.МостотRoyal Gorge, Колорадо

Највисокиот Амерички мост може некому да му го одземе здивот, но не и на оние кои се плашат од височини. Мостот е завршен во 1929 година но се до 1982та год. бил без каблите кои го стабилизираат ветерот.

Место:Royal Gorge, Колорадо, над реката Арканзас.

Статистики: 969 метри над клисурата; 1260 год.

 

3. Мостот TriftSuspension, Швајцарија

Еден од најдолгите и највисоките мостови за пешачење е мостот Trift, кој бил изграден во 2004 година на Алпите. Бил реновиран во 2009 година, каде му биле поставени кабли за стабилизирање на силното нишање на ветрот. Но сепак не може а да немате адреналин додека го поминувате мостот.

Место: Trift Глечер, во близина на градот Gadmen во швајцарските Алпи.

Статистики: 328 метри висок, 558 метри долг

 

4.Мостот Carrick-а-RedeRobe, Северна Ирска

Како прво мора да ве известиме дека никој не паднал од овој мост. Сепак, многу посетители едноставно не можат да соберат храброст и да го поминат мостот па затоа се решаваат да одат со брод. Овој мост е најпогоден за луѓе кои сакаат авантура.

Место: Во близина на Ballintoy во округот Antrim, Северна Ирска.

Статистика: 65 метри долг

 

5.Висечкиот мост Capilano, Канада

Изграден е во 1889 година и опкружен е со зимзелени шуми, прилично е тесен, и крајно несигурен.

Место: Северен Ванкувер, Британска Колумбија, преку реката Capilano.

Статистика: 450 метри долг, 230 метри висок.

Пронајдете не на следниве мрежи: