Најмалку 11 деца загинаа во сообраќајка во Кина

Најмалку 11 деца од претшколска возраст загинаа во понеделник кога минибусот во кој се наоѓале паднал во езеро, јави агенцијата Ксинхуа.

Полицијата го привела возачот на минибусот со кој во јужната рурална покраина Јиангкси се превезувале 15 деца.
Загинувањето на 18 ученици во автобуска несреќа пред една година го поттикна бесот на населението, принудувајќи го премиерот Вен Џиабао да вети  дека од буџетот ќе се издвојат повеќе пари за училишни автобуси и превозни средства со кои се возат ученици.

Пронајдете не на следниве мрежи: