Вилшир го убедува Волкот

Покрај тоа што имаат голема соработка на теренот, младите фудбалери на Арсенал се дружат и вон теренот, се трудат на секој начин да не го нарушат тимскиот дух.

Џек Вилшир, играчот од средниот ред на екипата на Арсенал, го убедува својот соиграч Тео Волкот да тргне по неговите стапки и да потпише нов договор со клубот.

Вилшир е еден од петорицата играчи кои во текот на минатата недела го продолжија договорот со Арсенал. Покрај него тоа го направија уште и Гибс, Ремзи, Џенкинсон и Чемберлејн.

Вилшир за јавноста изјави – „Сите во клубот сакаат Тео да го продолжи договорот, ја константно го охрабрувам со зборовите – Ајде Тео, потпиши. Сепак, тоа е нешто што тој самиот мора да го реши. Тој и тимот мораат да имаат надеж да најдат заеднички јазик и јас се надевам дека ќе успеат во тоа“ изјави Вилшир.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: