Тренерот на екипата на Ливерпул, Роџерс, најави дека денес на Стивен Џерард ќе му биде понуден нов договор.
Легендата на клубот ја продолжува верноста кон Ливерпул.
„Џерард е од големо значење за нашиот тим и јас тоа го препознавам. Знам дека му останаа уште 18 месеци до истекот на актуелниот договор, но сакаме и после тоа да остане во клубот бидејќи и јас и тој имаме голема желба за успех“ изјави Роџерс.
Капитенот на Ливерпул во победата над Фулам со резултат 4-0 постигна гол и два пати асистираше, а Роџерс истакна дека Џерард е еден од најдобрите играчи во Англиската Премиер Лига.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: