Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, тврди дека доколку би сакал, би можел да поентира многу повеќе, но не сака.
Џејмс го предводеше Мајами до убедлива победа со резултат 105-89 над екипата на Јута со скор од 30 поени 9 скокови и 7 асистенции.
„Доколку сакам, би можел да бидам најдобар стрелец на НБА лигата, но тоа не е нешто што и треба на нашата екипа. Ние играме тимска кошарка и јас сум сконцентриран на своите задачи во таа игра. Одбрана и брза транзиција се некои од точките на која сум сконцентриран. Бројот на кошевите дефинитивно не е моја грижа на натпреварите“ изјави Џејмс.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: