Пато и Робињо си заминуваат, Кака доаѓа во Милан!!!

Неколку варијанти се во прашање, Милан размислува околу неколку имиња за замена на Бразилците кои го напуштаат клубот.

Адриано Галијани е во Бразил, работата околу Пато треба да биде во брзо време решена, Коринтианс има спремено 15 милиони евра, онолку колку што бара тимот на Милан.

Што се однесува до Робињо, Сантош сака да преговара, мотивот на Милан е да се ослободи и од 6-милиони тешкиот договор со Бразилецот, а се шпекулира и дека тимот на Милан би прифатил и сума од 8 до 10 милиони евра.

Покрај Дрогба и Балотели, кои се опција на Милан, италијанските медиуми пренесуваат дека Кака би можел да пристигне во Милан веднаш откако ќе бидат реализирани трансферите на Пато и Робињо.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: