Убиени двајца и ранети уште двајца пожарникари во САД

Најмалку двајца пожарникари од американското гратче Вебстер во државата Њујорк загинале откако вооружен напаѓачи во понеделникот рано наутро по локално време отвориле оган врз пожарникари кои биле повикани да гаснат пожар кој зафатил три куќи.

Официјално локалните власт соопштиле дека уште двајца пожарникари се пренесени во болница. Ранети се од огнострелно оружје, соопштила портпаролката на болницата „Стронг Мемориал“, пишува локалниот весник „Democrat and Chronicle“.
На местото нема повеќе напаѓачи кои побегнале, па пожарникарите продолжија со гаснењето, изјавил на прес-конференција шерифот Патрик О’Флин.
Пожарот избувнал околу шест часот наутро, а полицијата соопшти дека пукањето започнало кога пожарникарите одговориле на повикот. Вкупно биле застрелани погодени четворица пожарникари од кои двајца починале.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: