Францускиот Дедо Мраз ограбен ноќта кон Бадник

Неидентификувани засега вандали провалиле во на фармата на Пер Ноел, францускиот Дедо Мраз, и скршеле дрвја, украле пари и слатки, јавуваат француските медиуми.

Според жандармерија, инцидентот се случил ноќта кон понеделникот во гратчето Крузеј во департманот Горна Савоја, каде што  се наоѓа „штабот“ на главната француска божикна персонификација. Натрапниците скршиле неколку дрвја, ги скршиле влезните порти на трите објекта кои го сочинуваат имотот, и украле пари во засега неутврден износ. Тие, исто така, однеле со себе и многу слатки и поголеми количества од познатиот чоколаден крем Nutella.
Според привичните процени на истрагата, направена е штета од околу 10 илјади евра.
Во меѓувреме, својата работа имотот на Пер Ноел нема да ја прекине, во понеделник христијаните од римокатоличка вероисповед го прославуваат Бадник, а во вторник Божик.
Локалните медиуми забележуваат дека последните неколку години имотот на францускиот Дедо Мраз е цел на крадци.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: