Хуманата страна на Ријана

 

Според Е! Онлајн, пејачкатадонираше 1.750.000 $ на болницата Кралицата Елизабета во Бриџтаун, во името на својата баба, Клара “Доли” Браитвајт.

 

Одделот за зрачење во болницата ќе биде преименуван во Клара Браитбајт, центар за онкологија и нуклеарна медицина.

 

“Ова беше мојот начин како да придонесам нешто за Барбадос преку еден добротворен чин, за помош на QEH, континуираната програма за модернизација … Верувам дека ова ќе има огромно влијание врз народот на Барбадос. Сето ова беше направено за да се спаси нечиј живот или барем да се продолжи”, изјави пејачкатаво изјавата за Е!”.

Ријана ja пoдели веста за смртта на нејзината баба во јуни на Твитер, пишувајќи, “Збогум #grangranDOLLY остани така убава додека не се сретнеме.”

 

Пејачката исто така во чест на својата баба се тетовираше под градите откако Доли ја изгуби битката со ракот на дојка.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: