Самоуништувачка Facebook апликација за `боцкање`

Loading...

Facebook ја претстави iPhone апликацијата за `боцкање` или популарниот `Poke`.

Со помош на новата апликација, може да праќате пораки, фотографии и видео записи кои ќе исчезнат веднаш по праќањето.

Мобилната апликација, засега само за iPhone, идеална е за праќање пораки за кои не би било добро да се најдат во погрешни раце.

Секоја порака може да исчезне за 1, 3, 5 или 10 секунди, зависи како сте наместиле .

Секако, оној кој ја прима пораката може да направи `screenshot` и така да ја сочува. Може да бирате дали пораката ќе ја пратите на еден или на повеќе адреси истовремено.

Facebook, секако, следи што се праќа и прима, па може да реагира ако содржината е преексплицитна и не е во согласност со правилата на користење друштвени мрежи.

Вие ќе може да пријавите ако некој ви досадува.

Макфакс

loading...
Loading...