Српската полиција во понеделникот објави дека ги уапсила потпретседателот и генералниот секретар на српскиот фудбалски прволигаш Раднички од Крагуевац поради злоупотреби на фунцкиите.
Според српското министерство за внатрешни работи приведени биле потпретседателот Небојша Васиљевиќ и генералниот секретар Дарко Стојановиќ, како и фудбалскиот менаџер Зоран Павловиќ кои се осомничени дека го оштетиле клубот за 550 илјади евра при трансферот на Филип Костиќ во холандскиот клуб Гронинген.
Вкупната вредност на трансферот изнесувала 1,25 милиони евра, а од тоа на Раднички му се закинати 550 илјади коишто нелегално ги присвои Павловиќ“, наведоа од српското МВР.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: