Екс гитаристот на Ministry почина на концерт

Поранешниот гитарист на метал групата Ministry Мајк Скачиа починал во САД за време на настап во саботата навечер, пишува во понеделникот таблоидот New York Daily News.

Инцидентот се случил на 22-ри декември во клуб во градот Форт Ворт, во сојузната држава Тексас, каде што тој настапувал со групата Rigor Mortis. Кај 47-годишниот Скачија кого го сметаат за еден од пионерите на правецот треш-метал бил констатиран срцев удар што го доживеал за време на концертот, а кратко време потоа починал. Според информациите, концертот на групата Rigor Mortis во Форт Ворт бил во чест на 50-от роденден на нејзиниот фронтмен Брус Корбит.
Мајк Сакчиа, исто така, беше познат и како член на бендот Revolting Cocks.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: