Серпико: Пачино ме одглуми подобро отколку јас себе

Поранешниот њујоршки детектив Френк Серпико неодамна изјави дека Ал Пачино го портретирал подобро отколку тој самиот себе.

Пачино ја толкуваше улогата на детективот кој открива корупција во полицијата во филмот „Серпико” до 1973 година. Во интервјуто за „Дејли њуз”, 76 годишниот Серпико нагласи дека во моментот ја завршува книгата и ужива во долгите прошетки, пренесува „Хафингтон пост”.

Кога му кажале дека е 41 на листата филмски херои на Американскиот институт за филм, веднаш по Леси, Серпико се насмеал и прокоментирал:

„Нема што, во добро друштво сум”.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: