Балотели најголем фаворит да заврши зад решетки

Обложувалницата ’Вилијам Хил’, на своите клиенти им понуди интересна опција за обложување – кој од фудбалерите, во Премиерлигата, во 2013 година прв ќе заврши зад решетки.

Прв на листата е Марио Балотели напаѓачот на Манчестер Сити. Кој ќе стави пари на контроверзниот Италијанец и погоди, за една вложена ќе заработи девет фунти.

Втор на листата е Енди Керол, фудбалер на Ливерпул, кој како позајмен играч настапува во Вест Хем Јунајтед. Коефициентот на Керол изнесува 1/10, тој како и Балотели е познат по своето проблематично однесување.

Меѓу првите десет, спред коефициентот кој го определи ’Вилијам Хил’ уште се наоѓаат:
Џек Вилшир (Арсенал) 1/11, Карлос Тевез (Манчестер Сити) 1/11, Џон Тери (Челзи) 1/13,
Антон Фердинанд (КПР) 1/13, Луис Суарез (Ливерпул) 1/13, Маруан Фелаини (Евертон) 1/
15, Стивен Џерард (Ливерпул) 1/17 и Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) 1/17.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: